По примерот на Facebook и на Google би можело да се приклучи и Twitter во процесот на блокирање на производи и услуги кои промовираат и рекламираат криптовалути.
Според извори на “Sky”, социјалната мрежа планира глобална забрана за реклами кои нудат дигитални валти, крипто-размени и продажба на токени. Ова може да се случи во текот на следните две недели.
Твитер, исто така, може да забрани и реклами за крипто-размена, со некои ограничени исклучоци, според наводите од инсајдерски извори.
Изворите не откриваат конкретни причини зошто Твитер одлучи за овој потег, но веројатно е истото што го имале Фејсбук и Гугл: компанијата не сака корисниците да ги изложува на ризик.
Многу ICO(initial coin offering) и продажба на токени имаат несигурна иднина, а во најлош случај, може да има измами, за кои големите компании велат дека почнале да ги штитат своите корисници се додека криптo пазарot не стане подобро организиран.