Програмата на Twitter за споделување приходи од реклами за креаторите конечно започна, а платформата веќе почна да исплаќа пари на претплатниците на Blue.
Иницијативата беше објавена во февруари од сопственикот на Twitter, Илон Маск, но немаше детали за тоа како ќе функционира програмата. Практично никој не можеше да знае што да очекува, но некои корисници од висок профил тврдат дека добиле известувања за претстојните депозити. Еден од корисниците, Brian Krassenstein, објави дека ќе добие 24.000 долари, а таа награда се заснова на реклами во одговорите на содржината на корисникот.
Програмата ги охрабрува креаторите кои создаваат популарна содржина и наградува профили кои му помагаат на Twitter да заработи пари, како и да привлече нови претплатници на Blue. Така, создавачите можат да добијат дел од приходите од реклами. Маск нагласи дека исплатите ќе бидат кумулативни, односно ќе се бројат од денот кога во февруари вети дека ќе ги подели приходите.
Сепак, Twitter ја постави границата високо, бидејќи системот за споделување приходи се однесува само на претплатниците на Twitter Blue или Verified Organizations со најмалку 5 милиони импресии на објави во изминатите три месеци. Тие исто така мора да поминат „човечки преглед“ и да се придржуваат до Creator Subscriptions правилата, а плаќањата ќе се вршат преку сметка на Stripe. Компанијата наскоро ќе го започне процесот на аплицирање до кој ќе се пристапи преку делот Monetization на поставките на профилот.
Целта на Маск е да го направи Twitter поатрактивна платформа за креаторите на содржини.
Сето ова можеби не е така, бидејќи минатата недела компанијата Meta го лансираше Threads, ривал на Twitter кој за кратко време ја надмина границата од 100 милиони членови.