Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска на брифинг со медиуми откри дека во минатиот месец 5716 работодавачи не поднеле М-ПИН пријава за плата
Во месец март регистрирани се 69.156 работодавачи со 555161 вработени. Од нив 56.073 исплатиле плата, а 5716 работодавачи за 11.612 вработени не испратиле плата за третиот месец од годината – брифираше Лукаревска.
Рокот за поднесување на МПИН пресметки до УЈП е до 10 во тековниот месец за претходниот, а рокот за плаќање по истите е до 15ти во месецот за претходниот месец.