Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници дека во наредните три години персоналниот данок нема да претрпи измени односно останува претходно воспоставената рамна стапка од 10%.
Со оглед на тоа што се одложи приемната на прогресивните стапки на оданочување до 2022 година, даночните обврзници може да планираат даночна политика во која се задржува рамниот данок.
“Според Законот за изменување на законот за данокот на личен доход (Службен весник на РСМ бр.275 од 27.12.2019 година) пресметката и плаќањето на данокот на доходот за 2020, 2021 и 2022 година ќе се врши по стапка од 10%, за следните видови на доход: Доход од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права, доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, доходот од осигурување и друг доход”, соопшти УЈП.