Поранешниот премиер и експретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, во објава на Фејсбук изнесува наводни детали околу работењето на пропаднатата „Еуростандард банка“, која беше во сопственост на Трифун Костовски.

Неколку зборови за криминалот на чесниот патриот Трифун Костовски“

-Откако вложи 15 милиони евра претходно украдени од Технометал во својата банка поради довербата на луѓето и претходниот маркетинг, вложувањата на грѓаните и фирмите пораснаа во на над 200 милиони евра.

Тогаш Трифун сфатил дека неговите 15 милиони се содржат 13 пати во парите на другите и почна да си ја краде банката преку фиктивни кредити а тие на кои ги даваше задржуваа 10-15% а другиот дел од парите му ги враќаа.

Една од тие приказни пред банкротот ја имам чуено во градот од еден пријател на албанскиот интелектуалец и колумнист А.М. Тој на фирми на негови блиски им давал кредити без покритие а овој му ги враќал.

Пријателот на интелектуалецот имал сепак поголема совест од Трифун, па дури и го прашал зошто го прави тоа? На што Трифун му одговорил дека и нему му треба кеш. Тоа е шемата со сите фирми каде од авион се гледа криминалот.

Сите мои кредити што сум ги зел се обезбедени со три најмалку два пати повеќе хипотека, а зошто Трифун давал без хипотека е јасно како бел ден. Само што Костовски е заштитена бела мечка во Македонија а највероватно и добро плаќа и поради тоа тешко ќе видиме завршница.

Патем да потсетиме дека целиот криминал е направен во времето на Груевски – пишува Георгиевски во објавата на Фејсбук.