Дара Косовшахи е решен да се справи со чувството дека бизнисот на компанијата се забавува
Компанијата за споделување на превоз – Uber Technologies намалува една третина од својот оддел за глобален маркетинг, изјави извор на Блумберг запознаен со ова прашање. Ова доаѓа во време кога извршниот директор треба да се справи со забавувањата на деловните активности.
Компанијата ќе отпушти околу 400 вработени, според извор кој посакал да остане анонимен. Главниот извршен директор на Убер, Дара Косковшахи ги извести вработените за промените испраќајќи им е-пошта во понеделник.
„Денес постои општо чувство дека иако рапидно растеме, ние забавуваме“, напиша тој во е-поштата разгледана од Блумберг. „Се се случува природно бидејќи компаниите стануваат се поголеми, но тоа е нешто на што треба да го исконтролираме брзо“, додава тој.
Убер стана јавно претпријатие во мај, а нејзините акции во моментов се тргуваат под цената на првичната јавна понуда. Компанијата со седиште во Сан Франциско и нејзиниот конкурент Лафт се под притисок на инвеститорите заради огромната загуба што ја создаваат.
Ќе бидат отпуштени околу 1,6% од вработените во Убер ширум светот. Ова е прва голема реорганизација на одделот за маркетинг и комуникации откако Jил Хазелбајкер, неговиот долгогодишен директор, ја презеде контролата врз групата минатиот месец. Тој ја наследи Ребека Месина, поранешен главен директор за маркетинг, која ја надгледуваше работата на околу 1.200 луѓе за време на нејзиниот 9-месечен мандат во компанијата.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк