„Убер“ вчера информира за загуба од 5,2 милијарди долари, што предизвика експресен пад на вредноста на нејзините акции на „Вол стрит“. Компанијата со седиште во Сан Франциско, исто така, соопшти дека нејзините приходи биле под очекуваните.

Американската компанија соопшти дека поголем дел од оваа огромна загуба им се припишува на надоместоците поврзани со трошоците на акциите.

„Убер Итс“, одделот за испорака на храна, меѓутоа, забележал раст на приходите, додека главниот бизнис на компанијата се забавил.

Генералната директорка на „Убер“, Дара Кошровшахи, изјави дека смета оти 2019 година ќе биде нивната најголема инвестициска година и дека во 2020 и 2021 година ќе се види дека загубите за намалуваат.