Лојалноста и посветеноста на вработените се непроценливо богатство за секоја компанија. А, Комерцијална банка може да се пофали со голем број вработени кои со децении ја градат својата кариера во Банката и придонесуваат за заеднички раст и развој.
Ценејќи го нивниот севкупен придонес, Комерцијална банка традиционално по повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, им доделува јубилејни парични награди на вработените кои одбележуваат 15 и 30 години работен стаж во Банката.
Оваа година Банката им изрази особена благодарност на 60 вработени со долгогодишен стаж затоа што со нив секојдневно ги задоволува потребите на клиентите, ги развива своите производи и услуги и го оди патот на својот развој.
Банката на сите наградени колеги им посакува уште многу години успешно заедничко работење.