Швајцарската банка „UBS“ соопшти дека ја завршила првата фаза од интеграцијата на банкротираниот конкурент „Credit Suisse“ и дека има корист од новите нето текови на средства.
Покрај тоа, банката планира да ги рестартира своите програми за откуп на акции во втората половина на годината, со издвојување до 1 милијарда долари за 2024-та година.
Банката, исто така, соопшти дека предлага дивиденда од 70 центи по акција за 2023-та година, што е за 27% повеќе на годишно ниво.
Трошоците за купувањето на „Credit Suisse“ го оставија најголемиот менаџер на богатство во светот со нето загуба од 279 милиони долари во четвртиот квартал, нешто под консензусната проценка за загуба од 285 милиони долари во истражувањето на компанијата.
„Со проширен обем и можности низ водечките франшизи на клиенти и подобрена дисциплина на ресурсите, ќе поттикнеме одржлив долгорочен раст и повисоки приноси“, рече извршниот директор Серџо Ермоти во изјавата.
Банката ги потврди своите клучни финансиски цели и постави нови, вклучително и амбиција одделот за управување со богатството да постигне инвестирани средства од 5 трилиони долари до 2028-ма година.
Од „UBS“, исто така, велат дека имаат за цел да види нето-нови приливи на средства од 200 милијарди долари годишно до 2028-ма година.
Ермоти рече дека клиентите имаат доверба во заемодавачот, со 77 милијарди долари во нови нето средства пријавени од стекнувањето.
„UBS“, исто така, откри дека има за цел да заштеди 13 милијарди долари до крајот на 2026-а година, а половина се очекува да се постигне до крајот на оваа година.
Откако беше објавено ненадејното купување во март минатата година, со што беше означено првото спојување на две глобално системски важни банки, „UBS“ успеа да избегне големи превирања и забележа скок на цената на акциите за околу 50%.
Сепак, банката сè уште треба да надмине некои потешки фази од интеграцијата на двете банки, на пример, комбинирање на одделни ИТ системи како и нејзините правни лица.
Банката, исто така, ќе започне со мигрирање на клиенти на „Credit Suisse“, со клиенти во Сингапур, Хонг Конг и Луксембург.