Ревидирање на најновоите протоколи побараа угостителите од Охрид по средбата одржана со градоначалникот Константин Георгиески и претставници на Локалната самоуправа.
Тие сметаат дека мерките се недоволно јасни за начинот на кој ќе се одивива нивната работа по 16 август.
Она што им буди нејаснотии на угостителите е како ќе се постапува со веќе закажаните свадби, како со странските гости кои се сместени во хотелите но и воведувањето на редари.
Она што го очекуваат тие се одговори од ДПИ, барајќи адаптација на новиот пакет мерки и слух за барањата.