Еден од шестте банкомати на ТТК Банка лоцирани во градот Тетово, беше мета на крадци.
Грабежот се случил вчера, 15.03.2021 година во раните утрински часови, веднаш по завршување на забраната за движење вон работното време на Банката.
Од Банката ја информираат јавноста дека, рано утринава, на 15.3.2021 година, извршена е тешка кражба на парични средства од банкомат лоциран на ул. „Методија Андонов Ченто” бр. 4 во експозитурата АРМ во Тетово од непознат сторител.
При кражбата одземени се околу 1,3 милиони денари.
Целиот имот и средства на Банката се претходно осигурени во функција на елиминирање на ризиците од ваков вид настани.
Банката соработува со надлежните органи за брзо и ефикасно решавање на случајот, стои во известувањето.