Американскиот Стејт департмент им даде рок на компаниите кои ги поставуваат цевките за гасоводот Северен тек 2 да ја сопрат работата, кој истекува на 20 јануари следната година.

Во соопштението на Стејт департментот е наведено дека страните кои учествуваат во проектот мора „под итно да покажат добри намери и да ја сопрат својата активност“.

Претседателот на САД Доналд Трамп на 20 декември го потпиша одбранбениот буџет за 2020 година, кој подразбира санкции против проектите Северен тек 2 и Турски тек.

Вашингтон побара од компаниите кои ги изведуваат работите да ја сопрат изградбата на гасоводот.

Швајцарската компанија Алзеас, која поставува цевки за Северен тек 2, веќе ги сопре работите и ги повлече специјалните бродови.

Официјалниот претставник на компанијата што го води проектот Јенс Милер изјави дека останале да се постават уште 160 од вкупно 2.460 километри цевки за гасоводот.

Министерот за енергетика на Русија Александр Новак кажа дека Москва има алтернатива за поставувањето на цевките – специјалниот брод на Газпром „Академик Черски“, кој сега е на Далечниот исток на Русија, може да ја заврши работата.