Имено, данската инвестициска банка „Саксо Банк“ објави анализа и прогноза за 2020 година, а во еден дел се наведува дека „15-годишниот брак меѓу Унгарија и ЕУ има сериозни проблеми“.
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, одговори на шпекулациите на одредени извори дека по Велика Британија, токму Унгарија би можела да биде следната земја која ќе сака да излезе од Европската Унија.
Имено, данската инвестициска банка „Саксо Банк“ објави анализа и прогноза за 2020 година, а во еден дел се наведува дека „15-годишниот брак меѓу Унгарија и ЕУ е во проблеми“. Аргументот за ова тврдење е во активацијата на Членот 7 од Лисабонскиот договор против Унгарија поради политиките на унгарскиот премиер Виктор Орбан – станува збор за политиките, како што се наведува во анализата, „кои не се во согласност со вредностите на ЕУ“.
За потсетување, Унгарија меѓу другото, зазема цврст стави против примање на мигрантите и така се најде на силен удар на Брисел. Факт е дека Унгарија, на основа на Членот 7, во иднина може да биде суспендирана од некои права кои доаѓаат со членството во ЕУ. И покрај тоа, како што истакнува унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто, Будимпешта не размислува за напуштање на Унијата.