Унгарскиот премиер „игра“ на картата за поддршка на Русија, додека неговите политички ривали ја искористуваат шансата и ја преземаат власта.
Со Унгарија од 2010 година владее Виктор Орбан, а сега прашање е дали се ближи неговиот политички крај?
Главниот ривал на Орбан, Петер Маѓар од Партијата за почит и слобода (TISZA), забележува дека во изминатата година светот на унгарската политика е превртен наопаку и дека ветровите на промени почнуваат да дуваат по улиците на Будимпешта.
Унгарија минатата недела доживеа изненадувачки висока стапка на инфлација. Аналитичарите очекуваа раст на цената од 4,8 до 4,9%. Во меѓувреме, податоците објавени од Централниот завод за статистика (KSH) покажуваат дека цените во јануари пораснале за 5,5% на годишно ниво (од 1,5% во претходниот месец).
Ова е шокантна информација за многумина. Прво, ова е највисоката стапка на инфлација во последните 13 месеци, а второ, таа е највисока во целата Европска Унија. Унгарија е единствената земја од ЕУ каде инфлацијата надмина 5 проценти. Само Хрватска го достигнува ова ниво, но во другите земји на ЕУ растот на цените се одржува со побавна стапка.
„Инфлацијата на Орбан продолжува. Лажеа дека е можно да се запре поскапувањето, а во меѓувреме Унгарија повторно стана земја со највисоки цени на храната“, коментира Петер Маѓар за овој резултат.
Маѓар посочува дека Орбан и „неговото семејство“ владеат 15 години и дека на народот му е преку глава од се.
„Готово е. Никој повеќе не му верува на Виктор Орбан, кој секогаш лаже, а потоа, се разбира, луто се жали“, рече тој.
Покрај инфлацијата, Унгарија забрзано се задолжува, јавуваат унгарските медиуми.
Ситуацијата дополнително се комплицира поради фактот што Унгарија е единствената земја од ЕУ која нема пристап до средствата за CPR и најверојатно нема да ги добие во блиска иднина, бидејќи не ги исполнува критериумите за почитување на владеењето на правото. Покрај тоа, Унгарија загуби повеќе од милијарда евра од фондовите на ЕУ.
Економската состојба е толку лоша што за тоа отворено зборува дури и претседателот на унгарската централна банка Ѓерѓ Матолчи.
„Повторно се изгубивме себеси. Унгарија не успеа во економската политика од 2021 година. Ја добивме декадата 2010-2019 година, но оваа најдобра деценија не дојде сама по себе“, предупреди тој.
Матолчи посочи и на два главни непријатели на економијата на земјата – високиот буџетски долг и високата и постојана инфлација.
„Целта на Виктор Орбан до 2030 година да стане една од првите пет земји на ЕУ се покажа како нереална. Предлагам оваа цел да се постави за 2040 година, бидејќи дефинитивно нема да се постигне до 2030 година. Потребна е целосна промена на економската состојба и тоа веднаш“, рече Матолчи.