УНИ банка деновиве понуди нови и многу поповолни услови за станбени кредити за физички лица. Со обновената понуда „Нов дом”, сега клиентите на УНИ банка ќе имаат можност релаксирано да инвестираат во купување на стан или куќа, доградба на станбен простор или рефинансирање на станбен кредит во друга банка.

Станбениот кредит од УНИ банка е со каматна стапка од 3,35%, и тоа фиксна за период од 7 години и5,35% променлива за останатиот период.

Максималниот рок на исплата на кредитот е 360 месеци и кредитот се дава без дополнителни трошоци за проценка на имот, освен првата година.

Дополнително клиентите имаат можност да користат бесплатно мобилно банкарство, кредитна картичка и дозволено пречекорување на сметка до 4 месечни плати.