Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 9% на годиишно ниво на имателите на перпетуални обврзници со ИСИН MKBLBA200011 и шифра UNIPO.
Исплатата на камата ќе се изврши на 22.07.2019 година.
Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 21.07.2019 година.
Тргувањето со обврзниците во деновите 18 и 19 јули 2019 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 178 и 179 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 22 и 23 јули ќе треба да му го уплати износот на чистата цена + акумулираната камата на продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 22 и 23 јули 2019 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата.