УНИ Банка објавува оглас за следното работно место: Проценител на наедвижен имот
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
- Високо образование со положен стручен испит со Уверение од Министерство за Транспорт и врски за проценител на недвижен имот
- Минимум една година работно искуство како проценител на недвижен имот, по добивање на Уверението
- Со правосилна одлука да не му е изречена мерка за забрана за вршење професија или должност
- Возачка дозвола – Б категорија
- Познавање на MS Office
Лични карактеристики:
- Динамична личност со способност за преземање на иницијативи
- Одличии организациски и комуникациски вештини
- Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос
Должности:
- Кандидатот треба да врши проценки и услуги поврзани со проценки на имот
- Оценува извештаи за извршени проценки од страна на надворешни и внатрешни проценители
- Врши посета и увид во понуденото обезбедување (подвижен и недвижен имот)
- Комуницира со независни проценители и клиенти на Банката за технички, процедурални или други прашања
Банката обезбедува основна плата во месечен нето износ од минимум 30. 000 МКД.