Оглас за работното место: Kредитен референт
во Дирекција Кредитирање на мало
едно работно место
Kвaлификации:
- Диплома за завршено високо образование – Економски Факултет;
- Претходно работно искуство од најмалку 1 година во финансиски институции – банки ќе имаат приоритет при изборот;
- Познавање на Microsoft Office
- Возачка дозвола Б категорија.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Подготвеност за превземање одговорност и иницијатива;
- Афинитети за тимска работа;
- Висока мотивираност за остварување на зададените цели и за стекнување на нови знаења.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик со фотографија и мотивационо писмо со задолжителна назнака за работното место за кое се аплицира електронски преку полето Аплицирај, или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 28.05.2018 година.