Уште една генерација првачиња овој септември започнува да чекори низ светот на едукацијата.
Знаејќи колку е важен овој ден за родителите, УНИБанка подготви изненадување за децата на вработените кои оваа година ќе ги направат почетоците во училишните клупи.
Во Банката не само што е препознаен потенцијалот на новите млади сили, туку и истите се поддржуваат во остварување на нивните соништа. За таа цел беше организирана работилница за првачињата, деца на вработените во УНИБанка, исполнета со многу забава, едукација и подароци, каде што првачињата беа прашани како тие ја гледаат Банката и како се гледаат себе си во иднина. Меѓу другото одговорија и дали спортуваат, што сакаат да бидат кога ќе пораснат и дали сакаат да работат во банка.
Одговорите насмеаа многумина, а можете да ги погледнете на линкот:
За родителите на првачиња, УНИБанка дополнително обезбеди и слободен ден за почетокот на учебната година, со што им овозможи да присуствуваат и да го поддржат своето дете на првиот училиштен ден кој е особено значаен за семејството и за создавање на заеднички семејни спомени.
Вработените се движечката сила на Банката, па со цел да се подобри балансот помеѓу работата и приватниот живот, УНИБанка обезбедува и други бенефиции во вид на платено отсуство од работа, односно:
Слободен ден за роденден, кој вработениот може да го искористи на денот на роденденот или кога ќе посака. Исто така овде вработените имаат можност и за користење на Слободен ден за загуба на домашно милениче. Загубата на домашното милениче може да предизвика вистинска длабока тага за вработениот и за останатите членови од семејството.
Дополнително, Банката за вработените кои даваат особен придонес во работењето и исклучителен перформанс, овозможува и Surprise day, односно слободен ден како награда и вреднување на нивната заложба.
Со организирање на настани од овој тип, како и обезбедување на бенефиции за вработените Банката уште еднаш потврдува дека ги поддржува семејните вредности, се грижи за своите вработени и има почит кон нив и нивните семејства.
УНИБанка им посакува среќен почеток на сите деца во новите авантури.