“УНИБанка” ја исплати полугодишната камата на сопствениците на перпетуални обврзници, со ISIN MKBLBA200011 и шифра на UNIPO. Исплатата на каматa се изврши вчера.
Право на исплата на камата имаа сите лица, регистрирани како сопственици на перпетуални обврзници во Централниот депозитар на хартии од вредност, на 21.07.2019 г.
„УНИБанка” изврши емисија на перпетуални обврзници со вкупна номинална вредност од 5 милиони евра по пат на приватна понуда, во јануари оваа година. Емисијата е без рок на доспевање, а каматната стапка е фиксна, 9% на годишна основа за првите пет години и се зголемува на 11% по завршување на овој рок. Банката го издаде хибридниот капитален инструмент, познат како перпетуална обврзница со цел да го зголеми својот основен капитал.
Новиот капитален инструмент на „УНИБанка” беше издаден по цена од 1.000 евра за обврзница и е првиот ваков производ на македонскиот финансиски пазар. Перпетуалната обврзница, претставува инструмент за хибридно финансирање, којшто ги обединува карактеристиките на акција и на обврзница и се исплаќа камата на инвеститорите два пати годишно. Перпетуалната обврзница котира на официјалниот пазар на Македонска берза и со истата може да се тргува.