Имателите на оваа картичка, на возраст од 18 до 25 години добиваат и бесплатен бесконтактен стикер за мобилен телефон

Новата Mastercard дебитна картичка за млади на УНИБанка, доаѓа со модерен дизајн и пакет на многубројни бесплатни услуги. Имателите на оваа картичка може да добијат и бесплатна бесконтактна стикер картичка, која се лепи на мобилниот телефони со која може да се прават трансакции без воопшто да се носи паричник.

Бесконтактната стикер картичка на УНИБанка е една од најновите технологии и форми на средствата за плаќање. Со неа клиентите добиваат квалитетна и брза услуга без да носат готовина и без да воведуваат ПИН при плаќања до 750 денари. Едноставно е, само треба да се залепи стикер картичката на мобилниот телефон, да се доближи до ПОС терминалот и плаќањето е завршено.

Новиот продукт нуди и бесплатно електронско и мобилно банкарство, како и бесплатна СМС услуга за првите шест месеци од издавање на картичката и е идеално за секојдневна употреба, без дополнителна грижа за паричникот.