Италијанската банкарска и финансиска групација „UniCredit“ во понеделникот објави дека го продала кредитното портфолио на својата бугарска единица „UniCredit Bulbank“ во вредност од 50 милиони евра, пренесува Indikator.ba.
„UniCredit објавува дека преку својата подружница „UniCredit Bulbank“ (Бугарија) постигна договор со APS и „Balbec Capital“ за продажба на “pro-soluto” портфолијата, составени од обезбедени и необезбедени нефункционални кредити, кои „UniCredit Bulbank“ ги издал на мали и средни претпријатија, како и на корпоративните клиенти“, се вели во соопштението на UniCredit Group.
Продажбата на портфолиото, што се состои во целост од бугарски кредити, е дел од тековната стратегија на UniCredit Group за намалување на неквалитетната изложеност и портфолија со слаб квалитет.
Ефектот од договорот се очекува да влијае на билансите на состојба за четвртиот квартал од 2019 година.