Преговорите помеѓу италијанската „UniCredit“ и Француската „Societe Generale“ за поврзување или спојување продолжуваат. Ова го пишува италијанскиот економски дневен весник „MF“, цитиран од „Ројтерс“.
Според веста, во која не е цитиран извор, најголемата банка во Италија работи со консултантската компанија „Rothschild“ за евентуално спојување со францускиот кредитор.
Сепак, двете банки одбија да коментираат за „Ројтерс“. Италијанското издание го споменува и консултантот со кој работи „UniCredit“ – Даниел Болтон.
Болтон е поранешен претседател на „Societe Generale“, кој ја напуштил банката во 2009-та година, откако ја управувал една деценија, но си заминал по скандалот поради неправедните трговски практики.
Од друга страна, главниот извршен директор на „UniCredit“, Жан-Пјер Мустие е поранешен менаџер во „Societe Generale“ и неговото назначување во италијанската банка во 2016-та година ги разгори шпекулациите за евентуално повторно обединување помеѓу двете институции.
Во јуни „Financial Times“ соопшти дека „UniCredit“ размислува да се спои со француската банка, истакнувајќи дека нестабилната политичка ситуација во Италија дури е одложило зделката.
Запрашан порано во август за потенцијални аквизиции Мустие изјави дека планот на банката до 2019-та година е фокусирана на органскиот раст, но дека потоа може да се разгледа можноста за надворешен раст.
„Европа има потреба од силни пан-европски банки и сметаме дека треба да бидеме таква институција“, рече тој.