Уника групацијата во периодот од јануари до крајот на март од оваа година остварила вкупно БПП од €1,53 милијарди, што е раст од 1,6% во однос на истите три месеца од минатата година.  Овој квартал донел и двојно поголема добивка во висина од €73,9 милиони, од кои €47,6 милиони доаѓаат од продажбата на уделите во Казинос Аустрија Акциенгезелшафт.

Генератор на растот на премијата се полисите од осигурување на имот и незгода каде растот е 6,5%. Домашниот пазар каде компанијата има раст до 4,6% и пазарот во земјите од источна Европа, каде растот е 11,3%, се најзаслужни порастот на вкупната БПП на групацијата. Уника груп има послеби резултати во секторот на животно осигурување (-9,4%), најмногу поради падот на премиите на полисите со еднократна уплата. Здраственото осигурување имало стабилен прв квартал со раст од 3,9%.

Комбинираниот сразмер е подобрен од 97,7%, на 97,4% и се движи во рамките на планот до крајот на 2020 година да достигне 95%.

На македонскиот осигурителен пазар Уника групацијата има БПП од €3,9 милиони од кои €3,5 милиони се полисирани на полиси за неживотно осигурување (0,1% раст), €0,3 милиони на полиси за животно осигурување (10,6% раст) и здраственото осигурување €0,1 милиони (2,8% раст). Профитот пред оданочување е идентичен како тој на крајот од март 2017 година и изнесува €0,2 милиони.

Најголем раст на БПП во земјите од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) е забележан во пазарот Бугарија 39,4%, каде истата достигнува €11,6 милиони. Ова е и најголема БПП во една земја од регионот, пред Хрватска со €11,3 милиони (8,1% раст), Србија €7,1 милиони (14,3% раст) и Албанија €6,5 милиони (2,5% раст).

Земјите од ЦИЕ на групацијата донеле добивка пред оданочување од €4,6 милиони. Најпрофитабилен пазар од овој регион бил хрватскиот осигурителен пазар, со добивка пред оданочување од €1,6 милиони (0,3 милиони раст), пред албанскиот со €1,0 милион (-€0,2 милиони) и бугарскиот  со €0,6 милиони (€0,2 милиони раст).