САРАЕВО (Ројтерс) – Балканската телекомуникациска компанија “United Group B.V.” во петокот го презеде хрватскиот телеком оператор Tele2 Хрватска за 220 милиони евра (245,70 милиони долари), вклучувајќи го и долгот, проширувајќи го своето присуство во југоисточна Европа.
“Хрватска е атрактивен и важен пазар за нас и ние сме задоволни што ја купивме Tele2 Хрватска, која ќе ни овозможи понатаму да ја диверзифицираме групата, како во земјите-членки на ЕУ, така и преку јакнење на телекомуникациските услуги што ги нудиме”, изјави извршниот директор на групата Викторија Боклаг се вели во соопштението.
Друштвото во приватна сопственост на ПК Партнери во март го заврши купувањето на мнозинскиот удел во United Group од ККР, во еден од најголемите договори за превземање во регионот. United Group е основана во 2000 година, и работи во шест земји од поранешна Југославија.