Претседателот на Европската комисија даваше отчет за својот мандат во Европскиот парламент

Иако е постигнат значителен напредок во последните години во зајакнувањето на еврозоната и Европската економска и монетарна унија, има некои работи за кои жалам што не успеав да ги договорам. Ова го коментираше претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер пред Европскиот парламент. Тој извести за сработеното за време на мандатот, кое истекува на 31 октомври.

Јункер објасни дека без шемата за гаранција на депозитите, нема да има стабилна банкарска унија. Како и да е, овој инструмент има многу противници, главно затоа што земјите со здрав систем во банкарството и јавни финансии не се согласуваат да плаќаат пенали за своите пари кои ги вложиле во банките во недисциплинирани земји.

Во принцип, Јункер отсекогаш бил посветен на развивање на построга контрола врз банките преку единствен надзорен механизам и единствен механизам за реструктуирање што треба да се гради постепено.

Во својот извештај, тој потсети дека од 2014 година, банките директно под надзор на Европската централна банка го зголемија својот капитал за 234 милијарди евра, а со зголемување на дополнителните ликвидни средства од 813 милијарди евра, сега се многу поодржливи кон ликвидни шокови.

Во својот последен говор пред ЕП, Жан-Клод Јункер му посака среќа на новиот претседател на ЕК. „Им благодарам и на моите комесари, бидејќи без нив не би постигнал ништо“, додаде тој.

„Кога ја презедов функцијата претседател, Европа беше многу ранлива. Во 2014 година Европа не беше фаворит на граѓаните“, рече тој, потсетувајќи дека неговата цел е да формира комитет што ќе работи за иднината на Унијата.

Во својот извештај за работа, тој го истакна создавањето успех на Планот Јункер. Претседателот на ЕК рече дека благодарение на него, се создадени 1 милион нови работни места. Меѓу неговите успеси, тој го наведе зголемувањето на инвестициите на 92 милијарди евра, како и високата вработеност кај Европејците – работат 73,9% од граѓаните на ЕУ.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк