Врз основа на член 37, 38 и 39 од Законот за финансиска полиција („Службен Весник на Република Македонија, бр. 12/14 43/14 33/15, 27/16 и 83/18 член 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен Весник на Република Македонија, бр. 62/05 39/12, 25/13, 187/13, 20/15, 33/15, 72/15 129/15, 27/16 и 120/2018), член 22 од Закон за вработените во јавниот сектор („Службен Весник на Релублика Македонија, бр. 62/05 35/18) и член 17 од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година („Службен Весник на Република Македонија, бр196/17), Комисијата за спроведување на постапка за вработување при Министерство за финансии Управа за финансиска полиција, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БР. 04/2018

за вработување во Управата за финансиска полиција

Управата за финансиска полиција има потреба од вработување на неопределено време со лолно работно време за 2 извршители, за следните работни места:

1. Финансиски полицаец – Помлад Инспектор за откривање на кривични дела со кои е стекната противправна имотна корист од значителна вредност за ниво Б4 шифра ФИН 02 08 Б04 001 Еден (1 извршител, со основна плата во нето износ од 26. 493, 00 денари,

2. Финансиски полицаец -Помлад Инспектор за откривање на даночни затајувања и перење на пари и други приноси од казниво дело за ниво 54 шифра ФИН 02 08 Б04 001 Еден (1) извршител, со основна плата во нето износ од 26. 493, 00 денари.

Вработување на 3 извршители на определено време со полно работно време за период од 1 година за следните работни места:

3. Финансиски полицаец – Помлад Инспектор за спречување на финансиски неправилности и измами, меѓународна соработка и европски интеграции за ниво Б4 шифра ФИН 02 08 Б04 001 Еден (1) извршител, со основна плата во нето износ од 26. 493, 00 денари,

4. Финансиски полицаец – Помлад Инспектор за откривање на злоупотреби на службена положба за ниво Б4 шифра ФИН 02 08 Б04 001 Еден (1) извршител, со основна плата во нето износ од 26. 493, 00 денари,

5. Финансиски полицаец – Помлад Инспектор за откривање на организиран финансиски криминал за ниво Б4 шифра ФИН 02 08 Б04 001, Еден (1) извршител, со основна плата во нето износ од 26. 493, 00 денари,

Општи услови:
државјанин на Република Македонија, психофизички здраво способно лице) и со предиспозиции за вршење на работите на финансиски полицаец, ниво на квалификации VI A според националната рамка на високообразовните квалификации, најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на правни науки, економски науки, безбедност, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, познавање на англиски јазик преку поседување на уверение од меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението АЛТЕ на европските тестатори на ниво Б2, нивото на ЦЕФР односно ИЕЛТС со 5-6 бода, ФЦЕ, БЕК В, ИЛЕК, ИКФЕ, БУЛАТС или ТОЕФИЛ ПБТ најмалку 500 бода, ТОЕФИЛ ЦБТ најмалку 175 бода или ТОЕФИЛ ИБТ најмалку 60 бода, не постар од 5 години, со или без работно искуство.

Посебни услови:
-поседува безбедносен сертификат на класифицирани информации од најнизок степен строго доверливо, односно со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на лицето со степен на класифицирани информации од најнизок степен строго доверливо.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
– уверение за државјанство на РМ (не постаро од 6 месеци лична биографија (CV) не поголема од 5 страни со задолжително наведен
контакт телефон и адреса, мотивационо писмо од најмногу 500 зборови, диплома или уверение за завршено образование со просек за успех, доказ за англиски јазик согласно бараните сертификати, доказ за познавање на бараните компјутерски вештини и доколку има работно искуство доказ за работно искуство (период евидентиран во агенцијата за вработување како работен стаж).

Проверката на работните способности за вработување во Управата за финансиска полиција на избраните кандидати, ќе се изврши од страна на определена здравствена установа пред склучување на договорот за вработување, a согласно Правилникот за начинот за проверка на работните способности за вработување во Управата за финансиска полиција бр. 0228652/1 од 21 .08. 2014 година.

Управата за финансиска полиција ќе врши безбедносна проверка на избраните кандидати за финасиски полицаец пред склучување на договорот за вработување, по претходно дадена писмена согласност од страна на кандидатите, врз основа на што на кандидатот ќе му биде издаден безбедносен сертификат за класифицирани информации со најнизок степен строго доверливо. Кандидатот што ќе ја одбие безбедносната проверка ќе се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Управата.

НАПОМЕНА: Предвиденото вработување за работно место од точка 1 е за Албанец(ка) 1, за работно место од точка 2 е за Албкнец(ка) 1, согласно годишниот план на институцијата за 2018 година.
Горенаведените документи потребно е да се достават во оригинал или копија завереиа на нотар.
Пријавите со потребните документи да се достават до Архивата на Управата за финансиска полиција или преку пошта на следната адреса:
Управа за финансиска полиција
Плоштад Пресвета Богородица бр. З, кат 1, 1000 Скопје со назнака: за „ЈАВЕН ОГЛАС БР: 04/2018″
Рокот за доставување на потребната документација изнесува пет (5) работни дена, сметано од денот на објавување на јавниот оглас во дневниот печат.
Ненавремена, нецелосна и неуредна документација, нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за вработување во Управата за финансиска полиција.
По извршената селекција на пријавените кандидати кои доставиле уредни пријави за работното место, ќе биде спроведено интервју во просториите на Управата за финансиска полиција. Управата за финансиска полиција ќе изврши избор за пет (5) извршители Финансиски полицаец во рок согласно со член 39 од Законот за финансиска полиција.
Почетокот и завршетокот на дневното и неделното работно време за сите огласени работни места е утврден влез од 08:00 до 08:1 5 часот излез од 16:00 до 16:15 часот, од понеделник до петок