ФОРМИРАЈ ТИМ ОД 5 ВРСНИЦИ ОД ТВОЈОТ ГРАД, ОПИШИ ГО ПРОБЛЕМОТ/ПРЕДИЗВИКОТ ПОВРЗАН СО ЕНЕРГИЈАТА И АПЛИЦИРАЈ ЗА НАГРАДА ОД 120.000,00 ДЕНАРИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИНОВАТИВНОТО РЕШЕНИЕ.

UPSHIFT е програма за социјални иновации која се базира на решавање на потребите на младите и локалната заедница за справување со климатските промени и заштита на животната средина.

ОД ШТО СЕ СОСТОИ ПРОГРАМА?

ФАЗА 1 – ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРОБЛЕМ/ПРЕДИЗВИК, АПЛИЦИРАЊЕ И ИЗБОР НА 10 ФИНАЛИСТИ (НОЕМВРИ)

ФАЗА 2 – ОНЛАЈН РАБОТИЛНИЦА ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕДИЗВИЦИ ЗА 10 ФИНАЛИСТИ (13 ДЕКЕМВРИ)

Работилницата ќе биде вовед во целата методологија на дизајнерско размислување и секој тим дополнително ќе го разработи својот предизвик.

ФАЗА 3 – UPSHIFT BOOTCAMP ЗА 10 ФИНАЛИСТИ (19 – 21 ДЕКЕМВРИ, СТРУГА)
Преку Design Thinking методологијата 10 избрани финалисти ќе развијат решенија врз основа на проблемите/предизвиците на 3 дневен настан со помош на назначени ментори. На самиот настан се презентираат сите решенија и се избираат 5 победнички решенија кои се наградени со 120.000,00 денари за имплементација на решението.
ФАЗА 4 – ПРОМОЦИЈА И АКТИВНОСТИ ВО ЗАЕДНИЦАТА (ФЕВРУАРИ 2023)
5те победнички тима посетуваат еднодневна обука за застапување, а дополнително се претставуваат и на еднодневен настан за дополнителна поддршка од заедницата  и прибирање на средства.
ФАЗА 5 – ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СОЦИЈАЛНИТЕ ИНИЦИЈАТИВИ (ЈАНУАРИ 2023- АПРИЛ 2023)

Со помош на назначен ментор 5те тима го реализираат замисленото решение и притоа креираат план за понатамошен развој на социјалната иницијатива.

ЕНЕРГИЈА – ТЕМАТСКИ ОПИС

ЕНЕРГИЈАТА, нејзиното искористување и пристапот до алтернативни ресурси за енергија кај средните училишта ќе бидат во фокусот на вториот циклус на програмата UPSHIFT.Енергијата е клучен ресурс и двигател на општеството во кое живееме. Без енергијата нема движење, а без движење нема напредок. Моменталниот енергетски систем се базира на фосилни горива (нафта, јаглен, гас) и е најголем причинител за емисии на стакленички гасови (јаглерод диоксид, метан, озон итн.) кои ги предизвикуваат климатските промени и глобалното затоплување. Тековната 2022 година се покажа како особено тешка година каде цените на енергенсите (горивото и струјата) нагло пораснаа како резултат од Рускиот напад на Украина и санкциите наметнати кон извозот на руската нафта и гас.Поради тоа, речиси сите земји во светот и Европа се соочуваат или со недостатоци на енергенси или со високи цени на енергијата. Северна Македонија не е исклучок од ова сценарио чиј енергетски систем воглавно се заснова на термо-електрани (јаглен) и хидро-елекрани (вода) за енергија. Основата на енергетскиот систем во комбинација со глобалните гео-политички случувања упатуваат на тоа дека во текот на престојниот зимски период, односно за време на грејната сезона се очекуваат:

  • зголемени сметки за струја, гас и нафта,
  • можни рестрикции на струја,
  • прекин на учебната година во зимските месеци и нејзиното пролонгирање низ летните месеци
  • зголемено загадување поради неможноста на сиромашните семејства да се греат притоа ќе користат различни енергенси (отпад, јаглен и слично)
  • зголемени емисии на јаглерод диоксид кои влијаат врз климатските промени поради продолжено искористување на фосилните горива (јаглен, нафта, гас)

Во рамките на овој циклус, тимовите составени од средношколци треба да достават проблеми/предизвици поврзани со ЕНЕРГИЈАТА вклучувајќи:

ПРЕДИЗВИЦИ/ПРОБЛЕМИ И ПРЕДЛОГ РЕШЕНИЈА НАСОЧЕНИ КОН КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГЕНСИ КОИ НЕ СЕ ШТЕТНИ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА,

ПРЕДИЗВИЦИ/ПРОБЛЕМИ И ПРЕДЛОГ РЕШЕНИЈА НАСОЧЕНИ КОН ИНОВАТИВНИ НАЧИНИ ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА,

ПРЕДИЗВИЦИ/ПРОБЛЕМИ И ПРЕДЛОГ РЕШЕНИЈА КОИ СЕ НАСОЧЕНИ КОН ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА НА ИНОВАТИВЕН НАЧИН

ПРЕДИЗВИЦИ/ПРОБЛЕМИ И ПРЕДЛОГ РЕШЕНИЈА НАСОЧЕНИ КОН ОДГОВОРНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА

ДРУГИ ПРЕДИЗВИЦИ И РЕШЕНИЈА ПОВРЗАНИ СО ЕНЕРГИЈАТА

Дополнително, подолу споделуваме неколку публикации и истражувања кои можете да ги искористите за инспирација за опис на вашите проблеми и предизвици.

ШТО Е СОЦИЈАЛНА ИНОВАЦИЈА?

Социјална иновација подразбира развој на нови решенија кои претходно не постоеле за решавање на некој општествен проблем, во случајот ЕНЕРГИЈАТА.Пример: Ученици во своето училиште забележале дека училиштето трошело питка вода за наводнување на дворните површини. Учениците предложиле да се изгради систем кој би ја собирал водата дождовницa која би се чувала во посебен контејнер и би се користела за наводнување.

УСЛОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ И СЕЛЕКЦИЈА

Повикот е отворен за сите средношколци на возраст од 14 до 19 години кои се дел од средните училишта во нашата земја.Секој тим мора да биде составен од 5 члена од кои најмногу 3 члена можат да бидат од ист пол. Тимовите силно се охрабруваат да вклучат ученици од маргинализираните групи (ученици од социјално загрозени семејства, ученици со попречености и сл.)Два и повеќе тима од исто училиште е возможно да аплицираат само доколку сите членови на тимовите се различни.Од пристигнатите апликации, ќе бидат селектирани 10 финалисти врз основа на следните критериуми:

1. Потреба – најмногу 10 поениКолкава е потребата за поддршка за изнесениот предизвик/проблем во рамки на училиштето?Ве охрабруваме да истражите и да вметнете податоци за итноста за решавање на проблемот и како истиот влијае негативно2. Степен на влијание – најмногу 10 поениКакво влијание и разлика може да се направи во рамки на училиштето доколку се реши предизвикот/проблемот?3. Иновативност и изводливост на решение – најмногу 20 поениКолку решението е иновативно и истото може да се спроведе за 120000 денари во рок од 4 месеци?Аплицирање се врши со пополнување на апликациската форма на следниот ЛИНК најдоцна до 30.11.2022.Сесија за информирање за повикот ќе се одржи на 15.11.2022 од 12.00ч. на платформата ЗУМ. Регистрирај се за сесијата на следниот ЛИНК.

ШТО СЕ СЛУЧУВА ОТКАКО ЌЕ БИДАТ СЕЛЕКТИРАНИ ФИНАЛИСТИТЕ?

Од вкупниот број на пристигнати апликации ќе бидат селектирани 10 финалисти кои ќе бидат дел од UPSHIFT Bootcamp-от од 19 до 21 декември.На самиот Bootcamp сите 10 тима ќе креираат решенија кои ќе ги претстават пред 3 члена комисија. На крајот, ќе бидат избрани 5 победници.По избирањето на 5те победнички тима, истите започнуваат со реализација на нивното решение. Предложеното решение треба да може да се имплементира во период од 3-4 месеци (јануари 2023-април 2023).  Во текот на реализицијата покрај финансиските средства од 120.000,00 денари, тимовите ќе добијат поддршка од ментори кои ќе бидат назначени од програмата и ќе помогнат на тимовите во реализација на социјалната иницијатива.Временската рамка на циклусот изгледа вака:Отворање не повикот- 8 ноември
Онлајн инфо сесија за повикот- 15 ноември
Краен рок за аплицирање- до 30 ноември
Избор на 10 финалисти- до 9 декември
Подготвителна онлајн сесија за 10 финалисти- 13 декември
UPSHIFT Bootcamp- 19-21 декември
Реализирање на проектот- јануари – април 2023