“Законски прописи како можност за формирање на Старт ап компанија” е информативен настан кој во организација на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, заедно со четирите клучни партнери: Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, ќе се одржи денеска во Битола.

На настанот ќе се дискутира за законската рамка која се однесува на стартап заедницата и можности за нејзино подобрување, проширување на старт ап компаниите на домашни и странски пазари, споредба со регулативата во другите земји, предизвиците на стартапите во развојниот животен циклус и другo.

Токму поради фактот што економијата расте се побрзо и се развива преку иновативни идеи кои се најчесто реализирани преку формирање на стартапи, денеска во Битола се организира настанот – инфо сесија на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, каде ќе има гости и од тамошниот Hub кој се занимава со оваа тематика – развој на идеи и помош за стартапи.

Со помош на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, заедно со четирите клучни партнери: Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, ќе се разговараме за сите тешкотии со кои се среќаваат стартапите при нивното формирање и нивниот понатамошен развој.

На настанот ќе бидат покриени следните теми: старт ап еко систем, законска рамка која се однесува на старт ап заедницата и можности за нејзино подобрување, искуства при лансирање на старт ап акцелераторот, проширување на старт ап компаниите на домашни и странски пазари, споредба со регулативата во другите земји, предизвиците на стартапите во развојниот животен циклус, а ќе биде направена и споредба помеѓу домашен и странски претприемач.