Pезултати од анкетата за оценка на бизнис средината во Македонија во минатата година ќе претстави денеска тимот на проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива.
На презентацијата ќе се обратат Гречен Биркл, како вршител на должност претставник на Канцеларијата на УСАИД во Македонија, Љубомир Димовски, директор на Проектот на УСАИД партнерство за подобра бизнис регулатива и Влатко Данилов од компанијата БАСМЕ.
Ќе бидат претставени и активностите на проектот за подобрување на бизнис регулативата во државава и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор врз основа на искажаните барања од бизнис заедницата од Македонија.
Партнерство за подобра бизнис регулатива е четиригодишен проект, имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернешнл со Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија.