Министерството за економија на Република Македонија и Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем денеска потпишаа Меморандум за соработка за вклучување на приватниот сектор во локалниот економски развој.
Целта да ова партнерство да се создадат подобри услови како компаниите би се вклучиле во процесот на локален и економски развој што носи придобивки за компаниите, но и за деловната средина.
„Со иста цел, како Влада го креиравме и Планот за економски раст, со мерки за поддршка за инвестиции, за конкурентност и за МСП и иновации, а Министерството за економија го изготви и Законот за финансиска поддршка на инвестициите… Со денешниот Проект продолжуваме да ги поттикнуваме водечките компании да инвестираат во локален и регионален економски развој, преку развој на врски на постоечките локални добавувачи, како и да го помогнеме вклучувањето на микро, малите и средните претпријатија во синџирите на снабдување, заедничкиот развој на работната сила и развојот на услуги“, изјави министерот Бектеши.
Заменикот раководител на Бирото на УСАИД за Европа и Евроазија, Брок Бирман, истакна дека ваквите иницијативи го заменуваат традиционалниот модел на развојна помош со пристап кој го препознава и искористува потенцијалот на македонскиот приватен сектор за движење на развојот преку создавање на работни места, економски раст и корпоративна општествена одговорност.
„Ова е тип на инвестиција за стратешки развој, а нашиот проект и Министерството ќе промовираат поттикнување на компаниите да инвестираат во развојот на нивните синџири на снабдување и работната сила, но не од алтруистички причини, туку за поддршка на нивниот сопствен раст.“ изјави Дејвид Атебери, претставникот на УСАИД во Македонија.
Проектот за развој на деловниот екосистем, за кој се одвоени 6,2 милиони долари, за четири години, меѓу останатото треба да помогне да се креираат 5.750 нови работни места.