Девет банки се согласија да платат две милијарди долари во спогодбата со американските инвеститори во врска со тврдењата дека манипулирале со девизните курсеви, изјавија адвокатите кои ги застапуваа инвеститорите.
Договорениот износ, кој не е поделен на делови кои мора да бидат платени од страна на секоја поедина банка, е прелиминарен и мора да биде потврден од судијата. Инвеститорите, вклучувајќи ги хеџ и пензиските фондови, ги обвинија банките дека се договарале и ги местеле девизните курсеви, објави BBC.
Тоа се банките HSBC, Barclays, BNP Paribas, Bank of America, JP Morgan, Citibank, Goldman Sachs, RBS и UBS
Адвокатот Michael Hausfeld изјави дека тоа е само почеток. Седум други банки, исто така се вклучени во процесот и дека неговата компанија ја разгледува можноста за преземање мерки во Лондон и во Азија.
Многу од водечките банки во светот веќе платиле висока казна за местењето на девизниот курс на девизните пазари, каде што секојдневно се тргуваат милијарди долари.
Во мај американските и британските регулатори утврдија дека шест банки мора да платат шест милијарди долари поради местењето на девизните курсеви и каматните стапки Либор.