Универзитетскиот професор Ванчо Узунов за ТВ21 за реконструкцијата на министерството за Економија тој вели „да не мислиме дека самата реорганизација по автоматизам ќе создаде подобар квалитет и ќе донесе нешто подобро“.
– Тоа што се реорганизира министерството за Економија и во него се додава труд и пазар на труд целиот фактор работна сила има логика бидејќи тоа како дел беше досега несоодветно споено со социјална политика. Социјална политика е една политика, политика во однос на работна сила како фактор на економски развој е сосема друга политика и повеќе припаѓа во економија тоа е логично. Тоа да се извади енергетика и минерални суровини во посебно министерство изгледа исто така логично. Иако не е ништо особено толку битно. Она што е битно мој коментар е да не мислиме дека самата реорганизација по автоматизам ќе создаде подобар квалитет и ќе донесе нешто подобро. На крај зависи кој таму ќе работи и кој со тие институции ќе раководи. Ако тоа не е добро направено бадијала сите реорганизации, а ако е тоа добро направено или до сега било добро направено во минатото тие институции и во овој досегашен сплет ќе работеле многу подобро од тоа што работеле, вели Узунов.