Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми се предложени  за членови на  Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје соопштија од банката преку Македонска берза. Одлуката е донесена утринава на Собранието на Банката.

„Мандатот на членовите на Надзорниот одбор од член 1 на оваа одлука трае до истекот на мандатот на членовите на Надзорниот одбор именувани со Одлуките за именување членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје бр.02-1600-11/1 и бр.02-1600-12/1, донесени од Собранието на акционери на Банката, на седницата одржана на 23.03.2016 година, а на членовите на Надзорниот одбор им припаѓа надомест за учество и работа на седниците во висина од 21.000 денари“, пишува меѓудругото во одлуката.

 

Извор: Фактор