Северна Македонија има голем потенцијал за економски развој и сметам дека сега е моментот кога треба да се позиционира како пазар, вели во разговор за ДВ директорката на германската стопанска комора, Антје Ванделт.

АХК Северна Македонија во 2022 прв пат во Скопје го организиравме Suppliers Balkan Expo, настан кој во Скопје привлече голем број на компании од Германија, ЕУ и регионот. Оваа година на 25 и 26 октомври очекуваме повеќе од 400 учесници за кои подготвивме 7 панели, саем на кој ќе се претстават повеќе од 30 компании изложувачи, како и саем за вработување и кариера.

Целта на овој настан е Западен Балкан уште поинтензивно да го позиционираме како пазар за инвестирање, но и да ги поврземе компаниите добавувачи од Северна Македонија и регионот со компании купувачи од Германија, други држави на ЕУ и регионот.

Оваа година  очекуваме повеќе од 250 Б2Б состаноци.

Оваа година на SUBEX интензивно ќе се дискутира на теми кои се стратегиски предизвици како редефинирање на синџирите на снабдување, nearshoring, дигитална трансформација и одржлив развој во стопанството.

ДВ: Уште од пандемијата на коронавирусот, која имаше многу негативни ефекти врз синџирите на снабдување во Европа, се зборува за релокација на производството, особено на германските фирми, од Азија во Европа. Досега, сепак, не видовме некое големо помрднување во таа насока. Зошто? 

Кога зборуваме за префрлање на производство, мојот впечаток е дека пред се станува збор за префрлање на производните капацитети од Украина, како последица на војната во Украина, но и на енергетска криза која ја погоди Европа.

Може да заклучиме дека во изминатите две години германските компании значајно ги имаат зголемено своите инвестиции во земјата. Трендот на зголемување на инвестициите ќе продолжи и во следните години.

Германската инвестиција Кромберт и Шуберт во својата фабрика во Битола вработува 5.300 лица, а планира во тековната година со отпочнувањето на нов проект само таму одговори дополнителни 800 работни места.

Исто така Кромберт и Шуберт ја отвори својата втора фабрика во Илинден во Скопје, каде во моментов се вработени 1.900 лица, но регрутирањето е во тек, планирани се вкупно 2.500 вработувања.

Костал во Охрид, кога ја стартувал својата инвестиција планот бил да се вработи максимално 800 лица, сега Костал вработува 1.000 лица, а со отпочнувањето на нов проект ќе отвори уште 250 нови работни места.

Германската ОДВ електрик исто така во Охрид, својата првична инвестиција ја започна со 10 работни места, во моментов вработува 970 лица. Откога започна војната во Украина ОДВ во Охрид презема голем дел од производството и за тие потреби отвори за кратко време уште 300 работни места. Со тоа инвестиција на ОДВ се зголеми за 3 милини евра.

Во изминативе две години драстично се зголемија и инвестициите на германските инвеститори Киел, Ипроткс, Гересхемер, Дрекслермајер.

Тука би сакал да ја споменам и нова германска инвестиција БМЗ, која планира да вработи 750 лица во зоната во Скопје.

ДВ: Германските фирми во С. Македонија со години ги имаат истите поплаки: корупција и недостаток на работна сила. Се промени ли нешто на таа тема во последнава година? 

Темата за недостиг на стручен кадар е глобален проблем со кој не се соочува само Северна Македонија,  но може да заклучиме дека  од страна на германските инвеститори кои учествуваат на анкетата за оценка на деловната клима во земјата која ја спроведува нашата канцеларија, квалификациите и мотивација  на стручните кадри се оценети со добри оценки.

Во изминатите месеци мојот впечаток е дека темата корупција повторно поинтензивно се тематизира, се надевам дека ќе се преземаат мерки, што поскоро да се стабилизира ова прашање. Сметам дека Северна Македонија има голем потенцијал за економски развој и сметам дека сега е моментот кога треба да се позиционира како пазар, додека темата редефинирање на синџирите на снабдување во Европа е во фокусот на Германија.

Целото интервју можете да го прочитате на Дојче Веле