ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Ве советуваме, ДА НЕ ГО ОТВОРАТЕ ПРИЛОГОТ НА ПОРАКИТЕ ПРИСТИГНАТИ ОД МЕИЛ АДРЕСАТА [email protected] за да се заштитите од злоупотреба на Вашите податоци. Доколку во меѓувреме сте го отвориле прилогот потребно е да се консултирате со ИТ професионалец.

Почитувани,

 

Во текот на денешниот ден се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое фалсификувајќи го идентитетот на Охридска банка Сосиете Женерал и користејќи го логото, се обидува да извлече податоципреку праќање на меил пораки.

 

Одредени физички и правни лица (клиенти меѓутоа и лица кои не се клиенти) добиваат пораки од мејлот [email protected] со предмет: Известување за девизен прилив од кои се бара итна потврда за наводно пристигнат девизен прилив.

 

Ве советуваме, ДА НЕ ГО ОТВОРАТЕ ПРИЛОГОТ НА ПОРАКИТЕ ПРИСТИГНАТИ ОД МЕИЛ АДРЕСАТА [email protected] за да се заштитите од злоупотреба на Вашите податоци. Доколку во меѓувреме сте го отвориле прилогот потребно е да се консултирате со ИТ професионалец.

 

Сите нотификации испратени од Охридска Банка АД Скопје преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат.

 

Банката ги презема сите потребни легални активности за справување со овој напад на информациите.

 

Со почит,

Охридска банка Сосиете Женерал