Вчера во Струга на свеченост пред голем број на партнери и соработници беше пуштен во употреба реновираниот објект на Стопанска банка сместен во центарот на градот. Направен во модерен стил и според сите стандарди, според првите луѓе на банката, на стружни ќе им понуди најквалитетни услуги и понуди како и брза и ефикасна услуга и завршување на нивните секојдневни потреби и барања.

 

„Поводот што денеска сме собрани овде е отварањето односно реновирањето на филијалата во Струга на Стопанска банка. Ова се случува после долго време и во интерес на клинетите за да им овозможиме подобри услови за да може да ги извршуваат сите свои потреби во банката. Но, Стопанска банка освен што вложува во просториите, Стопанска банка секогаш е еден чекор напред во ИТ инвестициите што на клинетите и на компаниите им овзоможува сите свои плаќања да ги вршат од своите куќи, канцеларии и мобилни телефони. Стопанска банка нема да застане само на ова и понатаму ќе ги следи барањата и трендовите кои ќе бидат во банкарскиот систем и секогаш ќе биде на страната на клинетите“, изјави Фатмир Идризи, Главен директор за односи со клиенти.

Извор: ALSAT-M