И по Велигден вработените во Министерството за економија,  трудовиот и пазарниот инспекторат без плата. Нема информација ниту дали до крајот на неделава ќе ја добијат. Законскиот рок за  исплата помина пред една недела. Причината за ваквата состојба министерот за економија Дурмиши ја лоцираше во трансформацијата на институциите. Рече дека станува збор за технички проблем кој сметаше дека бргу ќе биде надминат. Но тоа не се случи.

Од синдикатот УПОЗ објаснија дека со преземањето на пазарниот и трудовиот инспекторат под економија се појавиле  двојни функции.

Исто така, во Министерството за економија посебна комисија прави проверка дали колку и кои лица не оделе на работа а земале плата. Претходно според неофицијални информации имало такви вработени кои не доаѓале  на своите работни позиции, а нивни колеги ги евидентирале преку службените картички како да се таму.