Велика Британија откри нова паричка од 50 пени во чест на заминувањето на Лондон од ЕУ.
„Напуштањето на ЕУ е пресвртна точка во нашата историја и оваа монета означува почеток на ново поглавје за Велика Британија“, рече министерот за финансии Саидид Џавид.
Монетата гласи „Мир, просперитет и пријателство со сите земји“ и датумот на Брекзит – 31 јануари 2020 година.
Околу три милиони монети ќе бидат дистрибуирани од банките, поштите и продавниците почнувајќи од петок, 31 јануари, додека уште седум милиони ќе бидат издадени подоцна оваа година.
По повеќе од три години жестока дебата и прашања за тоа кога и дали да се спроведе Брексит, Велика Британија ја напушта ЕУ на 31 јануари оваа година.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк