Најслаби цифри на раст бележи економијата на Велика Британија во октомври за изминатите седум години, како резултат на неизвесностите заради брегзит и слабото глобално опкружување, објави Статистичкиот завод ОНС.
БДП на Велика Британија се зголеми за 0,7 проценти на годишно ниво најслабо од март 2012 година, кога земјата се уште се опоравуваше од светската финансиска криза.
Најлоши резултати се забележани во индустријата и градежниот сектор, покажува извештајот на Заводот за статистика.
ОНС исто така забележува дека приближувањето кон датумот за излез од ЕУ, поставен на крајот на октомври, се чини дека го зајакна извозот и увозот во тој месец, иако поскромно отколку што првично беше планирано за крајот на март.
Во тримесечниот период што завршува во октомври, економијата стагнираше во однос на претходните три месеци, објави ОНС.