Според податоците на Светската организација за цитрус (СЦО), производството на ова овошје на северната хемисфера ќе се намали за 13 отсто во сезоната 2022/23. Прелиминарната прогноза, која беше претставена на Глобалниот конгрес на производители на цитрусно овошје, се заснова на податоци од Египет, Грција, Израел, Италија, Мароко, Шпанија, Тунис, Турција и САД, објави Политика рс.

Филип Бинар, генерален секретар на оваа организација, коментира дека жетвата се предвидува да падне на 25.958.275 тони, што е значително намалување во однос на претходната сезона. Како што можеше да се слушне, годинашното производство е едно од најлошите во последните неколку сезони, главно поради климатските проблеми во водечките земји извозници.

-Ова се уште е едно од водечките овошја на светскиот пазар – изјавија претставниците на таа организација. Вкупното намалување на производството на портокали за 11,7 отсто, на грејпфрут за 16,8 отсто, додека, на пример, на лимонот се очекува пад од 15,7 отсто. Во Европската унија се предвидува нешто поголемо намалување на производството, за околу 15 отсто, односно 20,9 отсто во Шпанија и Италија, додека СЦО проценува зголемување на производството за Грција од 10,83 отсто.