Над половина од деловните субјекти во вкупниот број или 55 отсто се иновативни, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика кои се однесуваат на периодот 2016-2018 година.
Од вкупниот број иновативни деловни субјекти, 16,8 отсто имаат воведено иновација на производ, 26 отсто имаат воведено иновација на процес, а 55,6 отсто имаат воведено иновација на производ и процес. Прекинати или откажани иновации имаат 1,6 отсто од вкупниот број иновативни деловни субјекти.
Најмногу иновации се бележат во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 89,5 отсто, потоа маркетинг (реклами и пропаганда) и истражување на пазарот 78,1 отсто, информации и комуникации 77,5 отсто, а најмал процент на иновации се бележат во секторот научно истражување и развој 23,5 отсто./MIA
Би сакале да се надоврзиме на оваа објава од страна на ДЗС и да потенцираме дека доколку ова би било точно, ние би биле понапредна земја од Шведска и Израел комбинирано. Затоа, или да ја променат дефиницијата и критериумот што е иновација или да ги ревидираат цифрите. Би им дал и еден совет, дека критериумот иновација кој овие деловни субјекти го користат за да црпат коруптивно кредити или грантови, воопшто не соодветствува со генерално прифатенито термин иновација. Шминкање на производи, услуги и процеси, без верификација на регионален или глобален пазар во цел свет освен кај нас се смета за коруптивно испумпување на средства во договор помеѓу примателот и давателот на средствата.