Овие недели најактуелна е продажбата на праските која речиси и да ја нема или ја има по смешна цена.
Откако производителите на праски неодамна протестираа со истурање на родот во знак на револт поради незаинтересираноста од страна на Министерството за земјоделство, Заев го смете поранешниот министер за земјоделие Љупчо Николовски, но сепак со „метлата“ само и замачка очи на јавноста, бидејќи ново назначениот министер Трајан Димковски нема решение за родот кој скапува.
На социјалните мрежи инаку се појавија и фотографии од еден супер маркет во Македонија каде праските се продаваат по цена од 65 денари за килограм.
Праските минатиот месец инаку во Росоман се продаваа по смешна цена од 40 денари за 10 килограми (една гајба), додека се увезуваат од странство за двојна цена и се продаваат исто така двојно.
Од име на земјоделците и во духот на здравата економска логика, БанкоМетар.мк ги повикува надлежните власти да го сопрат увозот на странска праска и кајсија во овој период и колку толку да се помогне македонскиот земјоделец. Бенефитот ќе биде двонасочен, населението ќе јаде поевтини овошки од домашно производства а нашиот земјоделец ке добие какви такви приходи. Најдобро би било оваа препорака да се разгледа што е можно побрзо…