Лабораторијата за роботика на руската „Сбербанк” разви прототип на робот за дезинфекција во борба против пандемијата COVID-19.
Роботот е опремен со УВ ламби со вкупна моќност од 100 вати за дезинфекција на просторија од 20 м2 за 5 минути. Прототипот може да ги уништи сите видови на патогени микроорганизми, вклучително и вирусни инфекции на површина поголема од 2500 квадратни метри во текот на ноќта.
Роботот е автономен и безбеден, може да се самодезинфицира во просторијата и автоматски да прекине дезинфекцијата кога некое лице ќе влезе во собата.
Прототипот засега се тестира во филијалите на „Сбербанк” во Русија, а банката се надева дека наскоро ќе може да се користи и во болници, образовни институции, јавен превоз и други јавни места за превентивна дезинфекција и ќе биде од огромна помош да се ограничи или спречи ширењето на коронавирусот, но и други вируси.
Како функционира роботот можете да погледнете на следното видео.
https://youtu.be/VbUHL6c1mcQ