Рачен часовник од швајцарскиот производител на часовници Патек Филипе беше на аукција продаден за рекордни 31 милиони долари. Ова е најскапиот часовник продаден на аукција во историјата.

Моделот за часовници го доби името Grandmaster Chime 6300A-010, и беше произведен со цел да биде на аукција за добротворна организација што се одржа во Женева.

Двостраната кутија за часовникот е изработена од не’рѓосувачки челик, додека основите на двата бројчаници се изработени од 18 каратно розово и црно злато. На светлиот бројчаник на часовникот се наоѓа натписот „Еден единствен“.

Прерамката на часовникот, изработена од алигаторска кожа, е сошиена со рака, додека кутијата за часовникот е позлатена.

Досега, најскапиот часовник „Патек Филипе“ беше продаден на аукција во 2014 година за 24 милиони долари, исто така во Женева.
Парите од аукциските предмети во Женева ќе бидат искористени за лекување на генетски нарушувања кои предизвикуваат прогресивна дегенерација на мускулите.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк