Западниот Балкан може да стане алтернативна локација за директни странски инвестиции, наведува Виенскиот институтот за меѓународни студии (WIIW) во неодамна објавениот извештај, наведувајќи ги како причини за ова недоволно искористената работна сила и подобрената инфраструктура.
Во извештајот на WIIW за бизнис во регионот, на приливот на директни странски инвестиции во 2018 година ќе влијаат глобалните фактори: санкциите кон Русија, американските царини, Брегзит, дигитализацијата.
Според податоците на централните банки на земјите од регионот, најголем инвеститор во петгодишниот период во регионот е Русија, потоа следуваат Австрија и Норвешка.
Најголеми инвестиции привлекла Словенија, а во таа земја соседна Австрија инвестирала 16,4 милијарди евра во петгодишниот период. Истовремено, Австрија во деветгодишниот период 2005-2013 година, е најголем инвеститор во Србија, со 2,3 милијарди евра. Таа земја е најголем инвеститор во Босна и Херцеговина, каде што од 1994 година до крајот на 2016 година инвестирала 1,2 милијарда евра.
Во периодот од 2014 до април 2018 година, Холандија е најголем инвеститор во Хрватска со 3,35 милијарди евра.
Русија е најголем инвеститор во Црна Гора со вкупно 426 милиони евра инвестиции.
Швајцарија е водечки инвеститор во Албанија (1,08 милијарди евра) и во Македонија (277 милиони евра) за петгодишен период.
Во Косово, од прогласувањето независност, најголем инвеститор е Германија со 436 милиони евра.
Во графичкиот приказ се прикажани десетте водечки инвеститори во земјите од регионот за дадениот период.