Антикризната мерка „Викенд без ДДВ“ ја губи смислата да биде финансиска помош за граѓаните, бидејќи поголемиот дел од дуќаните денеска се затворени. Граѓаните велат дека не само што минимален е бројот на производи со кои можат да добијат целосен поврат на ДДВ, туку и нема од каде да ги набават. Повеќето од граѓаните се разочарани и сметаат дека би требало да има барем апел од властите до трговците во овој продолжен – празничен викенд продавниците да работат макар со скратено време. Но, има и доста задоволни граѓани од оваа мерка.
„Пазарев нешто, најмногу прехранбени производи. За домашниот буџет може да има некаков мал ефект, тоа е ситно, но за жал секој денар е добредојден за нашите семејства бидејќи сепак горе – доле сме посиромашни.“
„Купуваме, користиме, се е како што треба и добро е.“
„Се уште не сум ја искористила мерката, ама знам, информирана сум. Немав потреба да излегувам да пазарам нешто повеќе, да ми се врати ддв-то и така.
Добро е сивата економија да се контролира со фискалните сметки, па ова ни е како награда.“
„Од Управата за јавни приходи соопштија дека за три пати е зголемен прометот на македонски производи во текот на вчерашниот ден.
УЈП:
„На граѓаните кои вчера ја искористиле оваа мерка, ќе им се врати целосниот ДДВ за купените македонски производи/услуги, како и за купена компјутерска опрема, во рок од 15 дена од издадената сметка односно до крајот на овој месец “.
Инаку, поврат на ДДВ од овој викенд може да направат граѓаните кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“. За домашни производи повратот изнесува 18 отсто, а пет отсто е повратот на ДДВ за ИТ производите. Граѓаните вчера се пожалија дека добар дел од компјутерската опрема токму за овој викенд е поскапена во однос на претходната недела. Викендот без ДДВ завршува на крајот на утрешниот ден.
https://youtu.be/Dzkvt6G-wvU