За нашите деца го сакаме најдоброто, но не секогаш со сигурност можеме да им ја обезбедиме иднината што им ја посакуваме.

За таа цел, Бувчето ВИНКО, нов продукт на Винер Лајф со чија помош ќе ја заштититe иднината на вашите најмили и ќе им дадете сигурност за успешен почеток во животот!

 

“Винер Лајф почнувајќи од Мај 2018 стартува со нов детски производ. “Винко” е секако наменет пред се за осигурување на најмладите со фокус на штедната компонента, обезбедувајќи уникатни поволности вклучени во производот. За првпат на македонскиот пазар децата кои имаат “Винко”, веќе по завршување на основното образование добиваат вреден подарок-дел од осигурената сума, иако осигурителната полиса сеуште трае. По навршување на 17 до 19 годишна возраст, по избор на самите клиенти, се исплаќа полната осигурена сума, плус припишаната добивка. На овој начин Винер Лајф останува посветен на потребите на своите клиенти, посебно на најмладата популација. “