Virgin Galactic на Ричард Бренсон наскоро може да стане првата светска компанија со кои се тргува на јавна берза а е специјализирана за вселенски летови.
Social Capital Hedosophia Holdings планира да инвестира околу 800 милиони долари во хартии од вредност за 49 отсто од акциите, а Virgin Galactic ќе биде јавно објавена на берза, како дел од договорот, објавува The Wall Street Journal, цитирајќи анонимни извори. Околу 600 луѓе платија околу 80 милиони долари за обезбедување места за туризам во вселената со компанијата, додека “Blue Origin” на Џеф Безос и SpaceX на Елон Мас исто така се натпреваруваат да испратат туристи во вселената.