Visa и Mastercard ги намалуваат своите надоместоци за плаќањата направени од туристи во ЕУ. Трговците во малопродажбата сега ќе наплаќаат во просек за 40% помалку на име надоместок за плаќање преку ПОС-терминал на плаќањата со кредитните и дебитните картички кои не се од ЕУ, а според Европската комисија, која го објави договорот, ќе доведе до “пониски цени за европските трговци да прават бизнис”. Компаниите со кредитни картички се надеваат дека овој потег ќе стави крај на долготрајниот анти-труст спор против ЕУ. Во јануари Европската комисија ја казни Mastercard со парична казна од 573 милиони евра за антиконкурентно однесување.